Осумдесетгодишен старец се искачи на Монт Еверест

Осумдесетгодишен Јапонец стигна денеска на врвот на Монт Еверес станувајќи така најстарото лице кое се искачило на највисоката планина во светот, соопштија непалските власти.

Јуичиро Миура и неговата група, во која бил и неговиот син Гута, стигнаа на врвот околу 9 часот по локално време.

- Се чувствувам како најреќен човек во светот, рече Миура.

- Никогаш не сум бил поисцрпен но и понатаму можам ова да го правам во 80-та година од животот. Ги гледам Хималаите под мене и преубави се, изјави тој во разговорот со неговата канцеларија во Токио, воден преку сателитски телефон.

Неговата сопруга Томоко, 80, кратко му порачала „би било подобро побрзо да се симнеш“.

- Не знам дали сум среќна или не што имам сопргу со толку соништа. Тој е човек кој прави се што ќе посака, независно од тоа што другите мислат, изјави таа пред новинарите. Миура како што јавија непалските официјални лица, веќе е на пат назад.

 

најчитано сега