Драма во воздухот- пијан патник направил хаос во авион
28- годишен патник на летот VA41 од Бали до Бризбејн влезе во пилотската кабина на авионот и направи голема паника меѓу патниците известуваат меѓународните медиуми.
Авионот принудно слетал на аеродромот во Бали. Индонезиските власти соопштија дека патникот бил во алкохолизирана состојба при што пилот веднаш испратил порака во која тој ја опиша ситуацијата како "обид за киднапирање.
Од компанијата велат дека патникот бил премногу пијан, и немал намера да го киднапира авионот. Патникот веднаш бил уапсен и притворен за натамошно испрашување, вели шефот на индонезиската полиција.
25.04.2014 - 11:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа