Малезискиот авион ќе се бара со години?

 

Се уште трае потрагата по исчезнатиот малезиски авион кој мистериозно исчезна на 8 март а најверојатно ќе се одолговлечи на повеќе години, изјави денеска висок американски претставник.

 

Подводната потрага во Индискиот Океан во реонот западно од Австралија по каква било трага, која ќе доведе до остатоците од авионот од летот МН370 досега не донесе резултати.

- Потрагата по мистериозно исчезнатиот авион сега ќе влезе во мошне потешка фаза на пребарување на пошироко подрачје на Океанот, изјави анонимен претставник на американските вооружени сили. 

- Ние сите дојдовме во помало подрачје и ништо не најдовме. Сега мораме да се вратиме на поширока територија. Сега зборуваме за години, додаде тој. 

 

 

25.04.2014 - 10:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега