Сопругот ја изневерил 18 пати со нејзини пријателки а таа им простила на сите

 

36- годишната Адел и нејзиниот сопруг Бруса Терон (40) се во брак веќе пет години. Никогаш ништо не е совршено а за тоа зборува и тоа што Бруса дури 18 пати ја изневерил сопругата со нејзините шест пријателки. Откако Адел дознала за неверството тие, се разбира, се развеле, а таа им простила на сите... и на мажот и на пријателките.

Адел Терон постојано се сомневала во верноста на својот, сега веќе поранешен сопруг. Нејзините сомнежи се потврдиле кога Брус и' признал колку пати и со кои жени ја изневерил.

Листата на неговите љубовници била долга. Предолга за бракот да може да продолжи, но не доволно долга за тоа да биде крај на пријателството помеѓу Адел и Брус.

- "Знам дека многу луѓе нема да разберат, но јас целосно му простив на Брус. Им простив и на неговите љубовници. Тоа е единствениот начин да продолжам понатаму и да бидам среќна повторно", изјавува Адел.

Адел многу се разликува од поголемиот број жени кои со неверството на своите сопрузи се борат на сосема поинакви начини.


25.04.2014 - 10:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега