Трагедија: Бебенцето кое падна во река пронајдено во тракторска гума
Србија деновиве е обвиена во болка и тага по големите трагедии кои се случија. Откако беше убиен ученикот Марко кој вчера беше испратен вчера во вечното живеалиште, завчера две дечиња на тригодишна возраст и седум месеци, паднаа во река и за жал се удавија.
Мајтата на децата се шетала со нив кога едното се лизнало во надојдената река, а таа за да го фати, се лизнала, паднала и завршила и со другото бебе во вода. Целото семејство е скршено од тага.
- Пуштете ме само уште еднаш да ја видам мојата Маша, само уште еднаш, ве молам...извикувала 27-годишната мајка низ солзи.
За жал, 3-годишната Маша била пронајдена под дрво, а седумесечниот Мартин во тракторска гума. Вчера спасувачките екипи ги извлекоа телата на дечињата.
Нека почиваат во мир!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа