Деколтеата забранети во министерство за Екологија?

 

Министерката Сеголен Ројал им забранила на женскиот персонал во министерството за екологија во Франција да носат деколте на работа.

- Ги демантирам, се разбира, овие смешни гласини кои се однесуваат на забраната на деколтеа во Министерството, напиша на својот Твитер министерката.

- Единствената инструкција која ја имам дадено се однесува на наголема строгост при користењето на јавните фондови, тоа што Французите го очекуваат од нас, додава Ројал.

Неделникот во објавениот текст на интернет, кој предизвика серија на реакции, па и политички дебати на информативните ТВ канали, тврди дека тие ја контактирале министерката во однос на ова прашање, а таа одговорила дека станува збор за внатрешен правилник по предлог на внатрешните служби и тие не се тема на надворешни коментари.

Другите жени министри во владата, пред демантот на Сеголен Ројал, Маризол Турен за здравје и Наџа Вало-Белкакем коментираа дека нив не им сметаат „лесните деколтеа“ и дека е „чудно да се реагира со едно општо правило“.

„Ле Пуан“ оди уште подалеку во својот текст и тврди дека министерката вовела „правила на однесување“, како обврска за бработените да стануваат кога поминува министерот, забрана за пушење во ходниците и градината пред министерството, обврска да се делат канцелариите меѓу четири функционери за да се фаворизира заедничката работа.

25.04.2014 - 09:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега