Двојните избори топ тема во грчките медиуми - еве што пишуваат

 

Двојните избори кои во недела ќе се одржат во Македонија се топ тема во грчките медиуми. 

Весникот „Та Неа“, повикувајќи се на „политички аналитичари во Скопје“ пишува дека „се очекува на изборите во недела коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не само да го потврди резултатот од последните парламентарни избори во јуни 2011 година кога освои 56 пратенички места, туку и да го зголеми бројот на евентуални 62 пратеници, што би значело самостојност во македонскиот Парламент кој брои 123 места“ и се очекува опозициската коалиција предводена од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) на Зоран Заев да добие помалку гласови во споредба со последните парламентарни избори на кои освои 42 места во Парламентот.

Грчките медиуми информират дека кај албанските партии се очекува да надвладее владејачката ДУИ Али Ахмети, „која, наводно, има јасна предност во однос на опозициската Демократска партија на Албанците (ДПА ) на Мендух Тачи“.

Весниците потсетуваат и дека во недела ќе се одржи вториот круг од претседателските избори на кои Иванов „речиси сигурно ќе обезбеди уште еден мандат“.

25.04.2014 - 09:15
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега