Приведен претседателот на ДУИ во Охрид

Претседателот на локалниот огранок на ДУИ во Охрид, Н.У утрово бил приведен од страна на полициајта, а по сослушувањето во судот тој е пуштен на слобода, јавува Охрид1.

Според СВР Охрид, тој се сомничи за дела поврзани со изборниот процес.

Како што пишува поратлот, во моментот на распитот пред Судот во Охрид беа позиционирани полициски сили, а пред судот спонтано се собраа и поголема група граѓани Албанци кои чекаа исход од распитот.

По ослободувањето, првиот човек на ДУИ заедно со кандидатот Рамиз Мерко се дружеа со членови и симпатизери на партијата во старата чаршија во Охрид.

 

 

25.04.2014 - 01:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега