Вечерва голема паника во СДСМ
Голема паника во редовите на опозицијата по пристигнувањето на најновата интерна анкета на рејтинзите која централатан а Бихаќа ја нарачала за свои потреби. Премиерот Груевски на вечерашниот митинг во Кочани истакна дека резултатите биле поразителни за СДСМ. И Заев и Пендаровски имале уште понизок рејтинг од пред одржувањето на првиот круг.
„Паднал договор во последните 3 дена да се ветува се што нарадот сака да чуе, да се ветува и да не се размислува и еве ги од вчера ги гледам, што ќе стигнат ветуваат. Одат кај земјоделци и прашуваат, колку ви е субвнцијата, 60, ќе ви дадеме 70. Што ви фали - тоа ни фали. Ветуваме.
Народот ги гледа и се чуди. Изгубија 10 дена претходно во негативна камапња, во плукање, во омаловажување, во клевети, во навреди, во монтажи. Сега нудат проекти“ - рече Груевски во Кочани.
Интересно е што пред вториот круг ниту еден од институтите и рејтинг агенциите кои важат за блиски до СДСМ не излезе со своја анкета.
Вечерва раководството е во голема поаника бидејќи до изборите има само уште еден ден за кампања, а во партијата се свесни дека многу не можат да сторат. Оттука, сосема реална закана стануваат најавите за инциденти на изборите. На тоа денеска предупреди и министерката Јанкулоска и орача дека полицијата ќе биде максимално подготвена да ги пресретне ваквите појави.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа