Европратениците ја усвоија Резолуцијата за Македонија - ЕП јасно и гласно бара старт на преговорите

 

Европскиот парламент со големо мнозинство ја усвои Резолуцијата за напредокот на Република Македонија во 2012 година.

За резолуцијата предложена од британецот Ричард Ховит, гласаа 505 европратреници, 61 беа против и 31 воздржани. Со оваа резолуција ЕП уште еднаш јасно побара од Советот на Европската унија почеток на преговорите со Република Македонија во јуни годинава.

При гласањето беа усвоени дел од амандманте поднесени од Јелко Кацин и Норица Николаи (Група на Либерали и демократи), додека отпадна амандманот на Корнелисен за грчкиот предлог за името како основа за преговори и тој на Чарлс Танок, кој бараше да не се именуваат посебно „граѓаните со бугарски идентитет“ во делот од Резолуцијата каде се охрабрува преземањето мерки за надминување на поделбите по етничка и национална основа.

Претходно, на Мешовитиот парламентарен комитет македонските и европските парламентарци едногласно ја усвоија заедничката декларацаија, што е прв случај во досегашните 11 состаноци, а која се совпаѓа со текстот на Ричард Ховит. 

најчитано сега