Иванов во Пробиштип: Ние не бараме изговори, туку нудиме решенија на проблемите

 

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов, денес им се заблагодари на граѓаните од Пробиштип за поддршката во првиот круг на претседателските избори и за големата разлика.

Се надевам дека на 27 април, рече, помасовно ќе излезете и ќе го повторите тоа што го направивте на 13-ти април.

-Како Претседателот на Република Македонија бев глас на секој македонски граѓанин, глас на државното единство, заедништво и патриотизмот. Ја претставував Македонија во светот како суверена и независна држава чија мирољубивост придонесува за стабилноста на регионот. Со вашиот глас ги спроведуваме реформите со кои ја приближуваме Македонија кон Европа и со кои ја градиме Европа во Македонија. Со вашиот глас од Македонија создаваме економски силна и развиена држава во која доаѓаат нови инвестиции, се градат нови фабрики и се отвораат нови работни места.Со вашиот глас, ја отвораме Македонија кон Европа и светот, ја вклучуваме Македонија во европските и светски патни и енергетски коридори.Со вашиот глас го негуваме македонскиот модел на соживот и почитување на различноста што го наследивме од предците, што ни го оставиле во завет за нашите потомци, да се живее сложно и заедно. Затоа што сите сме Македонија. Со вашиот глас ја промовираме Македонија како културна татковина на македонскиот јазик и македонскиот идентитет.Со вашиот глас, велиме НЕ на секој обид да се негира нашиот идентитет.Сум рекол и повторно ќе речам: не прифаќам промена на Уставот со цел да се промени  уставното име – Република Македонија. Не прифаќам идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, и македонскиот модел на соживот. Народот го има и првиот и последниот збор за ова прашање, истакна Иванов.

Тој рече дека се што прави за Македонија, го прави со гласот на народот. Затоа, рече,  имаме чист образ повторно да излеземе пред вас со нова програма, за нова доверба, за нов мандат. Нашите програми произлегуваат од вашите потреби и барања.

-Со програма на континуитет во која јасно кажувам каква Македонија ќе градиме доколку повторно ја добијам вашата доверба.Македонија економски силна и развиена. Македонија членка на Европската унија и НАТО.Македонија отворена кон светот.Македонија напредна земјоделска земја.Македонија во која младите ќе можат да добијат квалитетно образование, работа и услови да формираат семејства и да имаат потомство.Македонија во која се негува вековната традиција на соживот, на прифаќање и  на почитување на различноста.Македонија земја на солидарноста.Македонија како дом на благосостојба за сите.Ете таква Македонија ќе градиме бидејќи знаеме каде одиме и што сакаме. На дело покажуваме дека во оваа земја може да се живее добар живот. Заедно со вас, со вашиот глас да ја водиме Македонија во просперитетна иднина.Заедно со вас, ја вклучуваме Македонија во глобалниот натпревар меѓу земјите за тоа кој ќе донесе повеќе странски инвестиции и подобро ќе ја отвори својата економија кон светот, истакна Иванов.

Тој им порача на граѓаните дека во недела тие ја имаат моќта да ја определат иднината на Македонија.

-Ние не бегаме од предизвиците, туку се соочуваме со нив. Ние не бараме изговори, туку нудиме решенија на проблемите. Ние не даваме лажни ветувања, туку конкретни, реални, остварливи програми и проекти!Сите наши одлуки и дела се и ќе бидат вреднувани од вас, затоа ја добиванме вашата доверба .Во недела, на 27 април, вие, граѓаните, ја имате моќта да ја определите иднината на Македонија. Од вашиот глас зависи каква Македонија ќе имаме.Вашиот глас очекуваме да го дадете за тие што придонесуваат за подобра и попросперитетна, успешна и економски развиена Македонија. Со вашиот глас очекуваме голема победа.Немојте да мислите дека Македонија може и без вашиот глас. Секој глас прави разлика. Ве повикувам масовно да гласате. Секој глас даден за мене, за коалцијата на ВМРО – ДПМНЕ е глас за самите вас, за вашето семејство и за вашата општина и глас за Македонија, заклучи Иванов.

24.04.2014 - 19:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега