Телевизија Алфа стана нов национален концесионер

Од Советот за радиодифузија информираат дека телевизија Алфа добила дозвола да прекине со емитувањето преку сателит и дозвола за вршење радиодифузна дејност на државно ниво.  Освен ТВ Алфа, за националнаѕжта концесија конкурирале и Канал 77, но, наместо концесија за работа на национално ниво, овој медиум доби укажување „да го усогласи работењето бидејќи е констатирана недозволена медиумска концентрација“.

Од 1. јуни кога во сила стапува дигиталниот пренос на телевизиската програма, 31 телевизија сигналот ќе го пренесува преку операторот „ОНЕ“, додека останатите 30 преку кабелските оператори, информираат од СРД.

најчитано сега