Маќеата ги открива шокантните тајни на Опра Винфри
Маќеата на Опра Винфри, Барбара во едно интервју откри неколку шокантни детали од животот и маките низ кои минува поради водителката. Маќетата која била во брак со таткото на Опра тврди дека поради неа и се распаднал бракот, водителката ја избркала од куќата во која живееле.
- Ми се јави за мојот роденден и ми се закани веднаш да ја напуштам куќата во која живеев 14 години со нејзиниот татко. Изгубив се, не е тоа само куќа. Тоа беше мојот дом, сите мои спомени беа таму, изјавила Барбара.
Таа додава дека Опра е сосема поинаква како што се претставува.
- Не знам со што ја налутив толку за така да се однесува со мене и да ме исфрли на улица без никакви чувства. Но тоа е Опра, и судија и порота. Мислам дека проблемот беше во тоа што и се обраќав како да е нормална личност. Не го сакаше тоа. Таа членовите на семејството ги доживува како послуга и го користи богатството за да контролира се околу себе, тврди Барбата.
Барабара вели дека Опра е многу несреќна жена. Опра ја купила куќата во која живеела со нејзиниот сопруг, и дека тоа не било подарок за нив, туку начин на кој го градела царството.
Сопругот еднаш ми кажа дека ако некој некогаш нешто ти подари, тоа не значи дека те сака, мислејќи на Опра. Таа се мора да контролира. Се мора да биде по нејзино.
Маќеата додала дека и автомобилот кој го возел нејзиниот поранешен сопруг, исто така бил на името на Опра.
Барбара и Вернон виделе само четири од осумте имоти кои ги има Опра, но ниту во една куќа, освен онаа на Фишер Ајланд не смеат да престојуваат. Опра секогаш ги сместувала во хотели кога ќе и дошле на посета, а кога таа доаѓала кај нив, приговарала за постелнината и за филџаните кои не и се допаѓале
-Еднаш дојдовме во посета во Чикаго, и преку интефон во куќата почна да вика: Црнчиштата дојдоа. Кажуваше дека се шегува, но секогаш ни покажуваше каде ни е местото. Персоналот го отпушташе преку некого, никогаш сама не им кажуваше и не даваше објаснување. Само кажуваше: Отпушти го тој и тој, раскажала Барбара.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа