ВМРО-ДПМНЕ со честитка за Власите: Нека ваквите празници бидат повод за заеднички заложби и подобра иднина

 

          

 ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на влашката етничка заедница им го честита празникот 23 мај - Националниот ден на Власите.

          За Власите, 23-ти мај претставува афирмација на нивната култура и  традиција и постоење на нивната заедница во нашето општество. 

          Власите, со својата богата култура и општествено делување, претставуваат нераскинлив дел од историјата на Македонија. Затоа Република Македонија искрено и недвосмилено се труди да изгради демократија на рамноправни граѓани, каде со почитување на различностите придобивки ќе имаат сите граѓани. 

          Ваквите празници нека бидат повод во заедничките заложби за подобар  развој и посветла иднина на нашата држава, во која значајна улога има и  Влашката заедница, преку заедничките вредности кои го градат единството, меѓучовечкото разбирање и хармонија во нашата земја.

Интегрален текст од честитката на ВМРО-ДПМНЕ.

најчитано сега