Животот и се претворил во хорор- при операција на колк ја заразиле со хепатит Ц

62- годишната Невенка Џикиќ, е пензионерка заразена од хепатит Ц кој го добила при операција на кукот во Клиничкиот центар Војводина. Со солзи во очите Невенка се присетува што и се случило во септември минатата година. Таа вели дека во болница отишла да се лечи а поради некои медицински пропусти таа дома се вратила уште поболна.

"Само примив крв во текот на операцијата во септември, па пред Велигден дознав дека сум заразена. Мојот живот се претвори во пекол.

Откако во Заводот за јавно здравје во Војводина Невенка направила анализа на крвта, била потврдена дијагнозата за зараза од опасна инфективна болест.

 

 Од Клиничкиот центар Војводина велат дека секоја крв која се дарува поминува реквизиција и се испитуваат четири параметри меѓу кои хепатит Б, хепатит Ц, ХИВ и сифилис. на одделот за трансфузиологија, додека од Институтот велат дека не се известени за контроверзниот случај.

24.04.2014 - 15:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега