ДПА влегува во Владата по изборите? ВМРО-ДПМНЕ без коментар

 

ВМРО-ДПМНЕ не сака да ги коментира информациите дека ДПА влегува во Владата по парламентарните избори. Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи во повеќе наврати изјави дека ќе биде дел од новата македонска влада, што значи дека ВМРО-ДПМНЕ би требало да го смени коалициониот партнер ДУИ со кого заеднички владееше во последните години. 
„Немам коментар“ беше се што кажа Директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски одговарајќи на новинарско прашање за коментар на изјавите на Тачи.

Можноста Тачи да стане дел од новата Влада е се поактуелна во деновите пред изборите. Сепак, освен најавите од Тачи, владејчката ВМРО-ДПМНЕ до сега ниту еднаш не искоментира, како ќе изгледа новиот кабионет на Груевски, со оглед на тоа дека е извесно дека токму тој ќе го добие мандатот од Претседателот на државата.

24.04.2014 - 13:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега