„Се подготвуваат сериозни инциденти за изборите во недела“
Одредени политички партии се подготвуваат за предизвикување на инциденти за време на изборите со цел непризнавање на резултатите од изборите на 27-ми во недела. Ваквите гласини кои кружеа во јавноста, денес ги потврди и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
-Определени политички партии за жал ги мотивираат своите симпатизери и активисти да предизвикуваат инциденти, да се однесуваат на начин кој не соодветствува на едно демократско општество, за да имаат основа во случај да се незадволни од резултатот да не го признаваат или да одат кон спроведување на некој друг вид на мерки за кои се разбира дека политичките партии носат сопствена проценка, нагласи Јанкулоска.
Министерката за внатрешни работи воедно уште една испрати апел до сите граѓани, да не подлегнуваат под никакви притисоци и повици за учество во насилство и недолично однесување, бидејќи одговорноста на секој поединец е индивидуална, особено на оној кој ќе се доведе да биде фатен во извршување на било какво кривично дело.
Јанкулоска потенцираше дека во такви ситуации нема да им помогнат ниту лидерите на политичките партии, ниту оние кои ги иницираат и провоцираат, додавајќи дека како Министерство во континуитет ја следат состојбата поврзана со спроведување на изборната кампања и за претседателските и за парламентарните избори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа