СДСМ го честита празникот на Власите во Македонија
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Бранко Црвенковски, денеска, по повод Националниот ден на Власите упати честитка до сите граѓани на Република Македонија, припадници на влашката заедница.
- Во мое лично име и од името на СДСМ на сите припадници на влашката заедница во Република Македонија им го честитам овој голем ден со искрени желби за успешно промовирање, негување и ширење на влашката култура и традиција во Република Македонија, вели во честитката Црвенковски.
- Со заедничкиот стремеж за унапредување на меѓусебните односи даваме пример на нашите деца и праќаме порака за почитување и соживот во Република Македонија, додава Црвенковски.