Ѕвездата на Икс-Фактор станува кројачка
Една од членките на групата „4U“, Катарина Манојловиќ по шоуто „X Фактор“ се откажа од музичката кариера, па се одлучи да стане кројачка.
- Никогаш повторно нема да се занимавам со пеење. Во „Икс-фактор“ сфатив дека тоа не е за мене и дека патот кон успехот е тежок. Велат дека треба да одиш преку трње за да станеш ѕвезда, но не сум јас за тоа изјави Катарина за „Блиц“.
ас сум уметничка душа, но тоа ќе го искористам на друг начин. Пеењето за мене е минато, ќе се запишам на курс за шиење. Отсекогаш сум сакал интересни парчиња облека, да ги шијам и комбинирам. Мислам дека ова е вистинскиот пат за мене. Ако ништо друго, барем ќе си имам занает, вели Катарина која во моментов работи и како промотор на козметички бренд.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа