Див секс во канцелариите на Министерството за земјоделство
Една службеничка во баварското Министерство за земјодлество тешко го обвинила својот шеф дека ја присилувал на брутален садо - мазо секс, со лисици на рацете, каиши и игли, ги пренесува магазинот “Фокус“ сознанијата на “Билд“.
Секој петок после работа шефот својата чиновничка во зградата на министерството, според обвинението, ја врзувал и присилувал на таков вид секс, а таа сето тоа го трпела од страв дека ќе ја загуби работата.
Службеничката долго молчела, но повеќе не можела да го издржи омаловажувањето и малтеретирањето, па се обратила во полиција, каде го обвинила шефот дека по завршувањето на работата, ја врзувал, ја тепал со ремен и и забодувал игла долга 12 сантиметри во градите.
Обвинетиот шеф сето тоа го негирал и тврдел дека неговата колешка доброволно сакала садо - мазохистички секс и дека имал и видео, кое наводно покажува дека таа во тие маки и уживала, наведувајќи дека државното обвинителство, не го делело мислењето на шефот и дека против него е покренато обвинение.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа