Возел во спротивна насока па го претепал полицаецот - кумановчанец направи хаос

Кумановчанец си заработи кривична пријава за напад на полициски службеник. Се работи за 38-годишниот С.Л. кој на улицата „Ленинова“ во Куманово откако бил запрен од страна на полицискислужбеник, додека го управувал своето возило „пасат“ со кое се движел во спротивна насока, истиот одбил да застане, па со нога го удрил полицискиот службеник во коленото, а потоа го влечел за десниот ракав од униформата.

За делото кое го направил му е одреден притвор во траење од осум дена.

24.04.2014 - 11:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа