Семејна трагедија го потресе кралското семејство

Принцезата Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се на турнеја во Австралија. Додека тие уживаат другиот дел од кралското семејство доби лоши вести.

Сопругата на принцот Чарлс, Камила, добила ненадејна и тажна вест.

Нејзиниот брат од Корнвол, Марк Шанд, ненадејно починал во Њујорк.

Наводната причина за предвремената и ненадејна смрт е всушност прилично банална бидејќи Марк едноставно се лизнал додека излегувал од ротирачката врата од хотелот, и со главата удрил на тротоарот.

 Братот на Камила сакал да запали цигара пред да оди на аукција, но таа цигара скапо го чинела. Итно бил однесен во болница по падот, но не можело да му се помогне.

Само 12 часа по ударот братот на Камила починал.

Имал 62 години, а Камила е целосно скршена поради загубата на својот брат. 

24.04.2014 - 11:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега