Јанкулоска во кумановско и скопско

Носителот на листа во втората изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Јанкулоска денес ќе одржи средба со граѓани во неколку кумановски места.

Во 14 часот Јанкулоска ќе го посети Бос Трејд во Куманово, потоа ќе одржи средба со граѓаните од кумановското ромско маало Средорек, за посетата на Куманово да ја заокружи со средба со жителите на Агино село. Потоа, попладне ќе посети неколку скопски општини. Јанкулоска во 17:30 ќе присуствува на мини митинг во Цршево, општина Гази Баба, потоа во Мирковци и во 20:30 часот на мини митинг во Волково.

24.04.2014 - 10:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега