Седум дечиња останаа без мајка - потресна животна приказна

Уште една трагедија го зави светот во црно. Младата мајка на седум дечиња, 29-годишната Лиса Вотлинг, починала поради компликации од кожна инфекција. Поради сериозната кожна инфекција, која се проширила на голем дел од ногата, докторите сакале да ја задржат на лекување, а најверојатно и да и ја ампутираат ногата за да се сопре инфекцијата, но Лиса одбила бидејќи не сакала да ги остави дечињата сами.

Нејзиниот сопруг 32-годишниот Енди е шокиран од смртта на неговата млада сопруга, а нејзините шест синови Пејсли, Џејдон, Енсли, Луис, Мејсон, Киран и ќеркичката Амелија останаа без својата мајка.

Медиумите пишуваат дека ова е пример за тоа дека и најмала инфекција може да биде сериозен проблем. Лекарите советуваат за секаков проблем веднаш да се обратите кај нив.

24.04.2014 - 10:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега