Бројот на жртвите од потонатиот јужнокорејски траект достигна 159
Бројот на потврдени жртви при потонувањето на траектот на 16 април во близина на југозападното крајбрежје на Јужна Кореја, се искачи на 159 лица.
Нуркачките екипи продолжуваат со операцијата за пронаоѓање на останатите 143 лица кои се уште се водат како исчезнати. Властите стравуваат дека 302 од вкупно 476 лица, кои биле на траектот на 16 април се загинати.
Од 476 патници и членови на екипажот, 339 беа средношколци и професори кои биле на излет, а над 75 отсто од 323-та ученици загинаа или се водат како исчезнати по потонувањето на патничкиот траект „Севол“ пред една недела. Само 174 лица се спасени во првите часови по несреќата.
Повеќето членови на екипажот се спасени. Дваесетмина од 29-члениот екипаж, меѓу кои и капетанот на фериботот, се приведени по различни обвиненија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа