Во Скопје утре ќе се прска против досадните комарци

Во Скопје утре ќе се прска против комарци. Прскањето ќе се одвива од 7 до 11 часот, а со оваа прва фаза од авионската дезинсекција ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и стоечки водени површини во градот Скопје и неговата околина како и течението на реката Вардар.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи, доколку временските услови не го дозволат прскањето, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни, во истиот термин.

24.04.2014 - 09:50
Фото: 
Журнал

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега