Симон Трпчески ќе настапи во Библиотеката на Конгресот на САД

Mакедонскиoт пијанист Симон Трпчески денеска ќе настапи во американската Библиотека на Конгресот во Вашингтон.

- Симон Трпчески, познат по својот светол звук и техничка леснотија, беше именуван за прв национален уметник на Република Македонија во 2011 година, пишува во промотивниот материјал во пресрет на концертот на Трпчески, кој ќе се одржи во една од најдобро познатите локации на Вашингтон.

Трпчески ќе настапи заедно со германскиот челист Даниел Мулер Шот. Ќе изведат дела на Бетовен, Брамс и Шопен.

24.04.2014 - 09:29
Фото: 
Кајгана

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега