Дванаесет сообраќајки во Скопје - летаа казни за непослушни возачи

 

На подрачјето на Град Скопје изминатото деноноќие се случиле 12 сообраќајки од кои четири со последица материјална штета и осум со последица телесна повреда.

Со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патнички возила, тројца сопатници, петмина пешаци и двајца патници во автобус.   

Санкционирани се петмина возачи без возачка дозвола и 20 возачи кои не носеле безбедносен појас или користеле мобилен телефон за време на возењето.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно според постоечката сообраќајна регулатива.

24.04.2014 - 09:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега