Претпоследен ден од изборната кампања - еве каде ќе одат политичарите

 

Претпоследен ден од кампањата за вториот круг од претседaтелските избори и предвремените парламентарни избори закажани за в недела. Привршуваат подготовките за изборниот ден.

Државната изборна комисија од печатницата „Крио Дандаро“ од Битола утринава треба да го подигине избирачкиот материјал и во текот на денот и утре да го дистрибуира до општинските изборни комисии.  Во сабота е молк, а тогаш гласа дијаспората, затворениците, болните и немоќните, внатрешно раселените и лицата во домашен притвор.

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи митинзи во  Пробиштип  и во Кочани  и посети на Ранковце  и Крива Паланка.

Опозициската СДСМ има митинзи во Штип и во Велес и средби со граѓани во Пробиштип, Карбинци, Свети Николе, Штип, Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.

ДУИ вечерва одржува митинг во Тетово, а ДПА во Гостивар и во селото Добри Дол. 

24.04.2014 - 09:12
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега