ВИДЕО: На своите деца им купил слатки, па им ги пресекол гркланите

Џулиан Стивенсон ги однел своите деца да им купи слатки, а неколку часа подоцна ги убил. Сигурносните камери ги фатиле децата со розеви балони во рацете додека чекале нешто слатко. Џулијан на себе имал јапонки, бермуди и маица со долги ракави. Четириесет и седумгодишниот Стивенсон, дури и им мавнал да се поздрави со вработените во продаванците пред излегување во францускиот град Лион. Неколку часа подоцна десетгодишниот Метји и петгодишната Карла биле мртви. Тие со таткото инаку Британец, за прв пат откако му било дозволено да се дружат без надзор, биле видени заедно, поради долгата борба за старателство кое го води со својата поранешна сопруга французинката Стефани. 

Кога дошла Стефани по децата, Џулијан гневен и во паника стоел на скалите. Тој бил уапсен, а децата биле пронајдени мртви во станот со пресечени грла. По апсењето се појавил рпед судијата, а обвинителството изјавило дека го признал двојното убиство кое го сторил во налет на гнев. Неговиот комшија изјавил дека мажот не бил при здрав разум и дека веројатно само „пукнал“. 

„Се желеше дека многу долгови и дека не знае како да ги плати. Морал да плаќа алиментација, а за пари се снаоѓал. Ја изгубил работата, а набрзо потоа се развел од сопругата“, изјавил комшијата. 

Сопственикот на пекарата во која Џулијан пред убиството ги донел децата рекол дека изгледале среќно. 

„Децата имаа балони, им купи и слатки, се чинеше дека се е во ред“, ијзавил тој и додал дека инцидентот ги шокирал сите, затоа што Џулијан отсекогаш делувал како добар татко, иако знаел да се промени под влијание на алкохолот. 

 

Стивенсон во Франција живеел во последните десет години, а два пати е осудуван за напад на поранешната сопруга во 2005 и 2010 година. 

 

најчитано сега