Жртвата на грозоморното убиство во Лондон кое го потресе светот е британски војник

 

Жртвата на суровото убиство во лондонскиот кварт Вулич, е британски војник, потврди денеска претставник на Вајтхол, каде е седиштето на британската владина администрација.

Неговиот идентитет се уште не се споменува. Две лица кои учествуваа во нападот врз војникот, што се верува дека е акт на тероризам, се наоѓаат во притвор.

Камерон кој во време на нападот беше во Париз, на средба со францускиот претседател Франсоа Оланд, изјави дека е „шокиран“ од она што се случи. Станува збор за ужасно злосторство, во кое жртвата е брутално заклана- рече британскиот премиер, кој поради случајот се врати од Франција доцна синоќа, скратувајќи ја својата посета.

Нападот е извршен вчера околу 14.30 часот по локално време,во непосредна близина на војничката касарна на кралскиот артилериски полк. Во близината касарната се наоѓа и едно основно училиште, но целата на нападот, според изјавите на напаѓачите, бил токму војникот во униформа, а не цивилите кои во тој момент се затекнале на улицата, во овој кварт на југоистокот од Лондон.

- Го убив војникот затоа што тој убива муслимани секој ден во Ирак и Авганстан. Другиот убиец, извикувјќи „Алах Акбар“- (Алах е голем) дозволи да биде сниман од минувчите, за да ја пренесе заканата до британската влада.

- Знајте луѓе нема да бидете безбедни се додека не ја смените Владата.Таа не се грижи за вас, изјави тој мафтајќи со окрвавените нож и сатар.

 

 

најчитано сега