Ахмети ќе бара двојазичност доколку ВМРО-ДПМНЕ не освои 62 пратеници

Двојазичност, консензуален претседател и повеќе министерски и директорски места – се очекува да бидат барањата на Демократската унија за интеграција, која се очекува да освои поголем број пратенички мандати од ДПА, по 27-ми април во преговорите за формирање на нова владина коалиција, анализира Канал 5

Експерти за телевизијата велат дека  во македонскиот блок најголеми се шансите како победник в недела да излезе ВМРО - ДПМНЕ што значи дека токму тие ќе треба да преговараат со  ДУИ за формирање влада.

„За доброто на Република Македонија за развојот на нејзината демократија, позитивно е барањето за што поголем број на пратенички мандати и исто така во однос на побарувањата кои што се однесуваат на непринципиелни желби и потреби, рушење на поставените линии, до каде едни барања ќе одат. На тој начин мислам дека Македонија по 27 април ќе биде релаксирана од закани и уцени“ - вели Иванка Додовска, политички аналитичар за Канал 5

 

Ахмети веќе предупреди дека македонската страна не може да си дозволи друг владин партнер освен нив, ако тие се победници во албанскиот блок. 

23.04.2014 - 23:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега