Европа во паника: Руски авиони ја надлетуваат Шкотска и Холандија
Велика Британија денеска прогласи тревога откако во близина на Шкотска се појавијадва авиона на руката воена авијација. Скај пренесе изјави на официјални лица кои велат дека станува збор за авиони од марката „Тупољев ТУ95“ - викани Мечка кои се во употреба повеќе од 50 години.
Странските медиуми наверуваат дека авионите „залутале“ во близина на брегот на Шкотска по што веднаш билпрогласена тревога и веднаш во воздух се кренале и авионите на кралската авијација.
Детали во врска со овој настан кој се случил попладнево се уште не се објавени.
Два руски авиони денеска се пресретнати и од страна на холандксата авијација во воздушниот простор на Холандија на Северото Море.
Холандија веднаш на помош ги повикала НАТО сојузниците. Авиони на Британија и Данска од типот Ф-16 веднаш полетале.
Нема информации за понатамошниот развој на настаните.
Министерството за одбрана на Холандија во соопштението наведува дека ова не е прв пат руски авиони да го нарушуваат холанскиот воздушен простор.
Слични инциденти се случила и на 23 март, но и на 10 септември, минатата година.
Од официјална Москва се уште нема официјална реакција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа