Падна пресуда за случајот „Калдрма“- сите 86 лица се виновни

 

Сите 86 обвинети во случајот „Калдрма“ се виновни, пресуди Скопскиот кривичен суд.

Обвинетите заработија затворски казни од 8 месеци до 6 години. Ќе треба да ја надоместат и штетата за државата од над 110 милиони денари.

Највисоки казни заработи првата четворка- првообвинетиот Ирфан Идризи ќе треба да одлежи дури 6 години и 3 месеци затвор и да врати над 80.000 евра. Второобвинетиот Бобан Попкрстевски заработи 6 години а третиот и четвртиот обвинет за криминал на патарибите добија по 5 години и 10 месеци затврска казна.

Најниска е казната за единствениот надворешен соработник кој ги изработувал лажните фискални сметки кои им биле издавани на патниците. Тој ќе одлежи 8 месеци затврска казна откако ис амиот го признал делото.

Признанија за работата на организираната група дале 2 лица а 18 детално образложувале како се печалеле црни пари.

Групата беше уапсена вод екеври 2011та. Полицијата откри дека работеле организирано и за разлика од колегите фатени со „Змиско око“ кои не издаваа сметки, овие издавале лажни фискални а парите ги ставале во џеб.

Членовите на групата на координаторите кои биле сменоводители им плаќале по 500 евра месечно за д аработат во фрекфентните денови и периоди од денот.

фото: Академик.мк

 

 

 

 

најчитано сега