Се поднапиле па се спријателиле - еве како почнало пријателството меѓу Сталин и Черчил
Односните меѓу Советскиот Сојуз и Велика Британија, според неодамна објавените архивски документи, биле драстично подобрени во една помината ноќ во Москва, кога двајцата воени лидери добро се запиле. Настанот се случил една ноќ во август 1942 година, а на масата покрај обилниот пијалок имало разновидно јадење. Атмосферата била до тој степен весела како да се одржувала некоја свадба. Черчил се пожалил на мала главоболка. Сталин пиел жесток пијалок, додека Черчил црвено вино од Кафказ. Сталин го повикал Черчил во своите одаи со цел да се подобрат односите помеѓу двете земји, вели претставник на британското Министерство за надворешни Министерството, Александар Кардоган кој им се придружил по полноќта.
Сталин бил познат по своето гостопримство, кое вклучува големи количини на алкохол, а тој сакал да преговара со луѓе кои добро можат да се напијат.
"Винстон секако беше импресиониран, и се чини дека тоа чувство е возвратено", додаде тој. Тие се разделија по три часот утрото.