ФОТО: Тешка сообраќајка во Скопје - двајца во болница

Две лица се повредени во тешка сообраќајка која вечерва се случила во скопско Бардовци, јавува Курир повикувајќи се на официјални информации добиени од полицијата. Во сообраќајката учествувале автомобил марка Рено и Ровер, и двата со скопски регистерски таблички

Во несреќата со повреди се здобиле двајцата возачи на автомобилите, 29-годишниот Б.А. кој го возел „Реното“ и 70-годишната В.Т. која го управувала „Роверот“, вели за Курир портпаролот на СВР СКопје, Лиза Бендевска.

Повредените се префрлени во болница, но нема информации за нивната состојба

23.04.2014 - 21:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега