Позната ТВ презентерка освои 1,4 милиони фунти на покер

 

Викторија Корин Мичел е една од најпознатите телевизиски презентерки во Лондон, а сега таа стана и светски позната откако на покер доби вкупно 1,43 милиони фунти.

На турнирот којшто се одржуваше во Италија, Викторија се запиша во историјата.

Откако се најде на осмото место, таа со сета сила се избори да се искачи на првото победничко место и со себе однесе над 400.000 фунти, а нејзините вкупни добивки досега изнесуваат 1,43 милиони фунти.

Оваа 41-годишна презентерка станува една од најпознатите женски играчи на покер, а честитки доби и од најпознатите покерџии.

23.04.2014 - 19:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега