Од детска игра до трагедија - го полиле со бензин, па го запалиле својот другар

 

Почина 7- годишниот Престон Флорес од Велика Британија  кој во петокот беше итно пренесен во болница кога неговите другари го полиле со бензин и го запалиле.

Момчето имало тешки изгореници кои покривале повеќе од 80% од неговото мало тело, а се верува дека повод за ужасната несреќа била морбидна и невкусна шега од страна на останатите деца.

- Престон ни беше се на светот, ќе го сакаме засекогаш. Ќе ни недостасува секој миг се додека сме живи, низ солзи раскажале неговите родители

Како што раскажуваат случајните сведоци момчето  играло со другарчињата во близина на својата куќа, а едно дете носело запалка кој во едене миг се слушнало  вриштење и комшиите го виделе Престон како трча и бара помош поради пламенот кој целосно го зафатил, од вратот до нозете.

23.04.2014 - 16:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега