Јанкулоска: Нудиме реални проекти

 

Вработувања, стипендирања за поголеми можности во образованието и поттикнување на спортот, се само дел од проектите што ги предвидува програмата „Проверено“ во чиј фокус се младите, рече денеска Гордана Јанкулоска, носител на пратеничката листа од ВМРО-ДПМНЕ во Втората изборна единица.

Јанкулоска на средба со млади луѓе во скопската општина Чаир нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ, наспроти празните ветувања и реториката со говор на омраза на конкурентите, на младите луѓе им нуди реални проекти и ветувања кои ќе станат секојдневие во следните четири години.

- Во програмата „Проверено“ младите луѓе се во центарот на вниманието. Нудиме низа проекти во делот на поголема вработливост на младите, олеснување за работодавачите во поглед на придонесите и давачките кон државата со цел да ги мотивираме да вработуваат млади луѓе, можностите кои се нудат во делот на образованието каде што продолжуваме со практиката за стипендирање на сите луѓе кои ќе се запишат на 100-те најдобри универзитети со покривање на сите трошоци или 200 најдобри универзитети во светот во делот на техничките науки, истакна Јанкулоска.

Во програмата се планирани, додаде, и мерки за помош при самовработување, како и младинските политики. 

23.04.2014 - 15:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега