ДИК: Во недела со мастило ќе се обележува левиот палец на гласачите
На изборите на 27 април гласачите ќе бидат обележани со мастило на палецот од левата рака. Како што соопштува денеска Државната изборна комисија, за таа цел донеле посебно Упатство за гласање, кое заради непречена реализација на изборите, е испратено до општинските изборни комисии во Република Македонија и до сите избирачки одбори кои ќе го спроведат гласањето во дипломатско конзуларните претставништва, односно конзуларните канцеларии во трите изборни единици во странство.
На гласањето на првиот круг од претседателските избори на 13 април, гласачите кои гласале беа обележани со мастило на палецот од десната рака.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа