Повеќе скопски населби утре без струја

 

Дел од жителите на улицата „Славе Деловски“ во општина Аеродром утре од 9 до 13 часот ќе останат без струја.

Во  Аеродром од 8:30 до 10:30 часот без струја ќе бидат и корисниците на улицата „Мите Богоевски“ од број 13 до број 19.

Без електрична енергија од 9 до 15 часот ќе бидат и објектите на улицата „Црногорска“ број 6 и број 8 во Ѓорче Петров, од 11 до 15 часот дел од Сарај и Грчец, додека од 9 до 12 часот дел од улицата „Стогово“ во Карпош. Од 09:30 до 15 часот без струја ќе останат и жителите на улицата 12 во Бардовци.

Во останатите градови од државата прекини во електродистрибутивната мрежа за утре се најавени во селата Долно и Горно Житоше, Кошино, Саждево и Јакренево од 10 до 16 часот, излезот од Прилеп кон Крушево од 9 до 16:30, како и дел од селото Канатларци од 9 до 14 часот.

Во Прилеп од 9 до 15 часот без струја ќе бидат улиците „Киро Пајмакоски“, „Јоска Јорданоски“ и „Браќа Ламески“, како и дел од улицата „Нико Доага“ во Крушево.

Од 10 до 14 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат и селата Росоман, Манастирец и Сирково, како и улицата „11 октомври“ во Кавадарци, а од 9 до 9:30 часот селата Барбарево, Краткотрајно, Ново Коњарев, Самоилово, Ново Село, Старо Коњаре, Бајково, Краварник во Струмичко, како и селото Старо Коњарево од 10 до 15 часот.

Без електрична енергија утре од 10 до 15 часот ќе остане и дел од селото Мачево во Делчевско, а од 09:30 до 15 часот улицата „Таку Димитриевски“ и „Јоаким Крчовски“ во Битола.

Прекините, како што информираат од ЕВН Македонија, се заради реализација на инвестициските зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија. 

23.04.2014 - 13:53
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега