ФОТО: Додека му правеле операција му пронаше вистинско богатство
63- годишниот пациент, индиски државјанин чие име е во тајност, при операција на желудникот поради страшни болки во стомакот, хирурзите наишле на вистинско богатство во неговиот стомак.
Пациентот во желудникот криел дванаесет златни плочки, коишто како што се претпоставува, ги прокриумчарил во Индија за да не плати царина, соопштиле од полицијата.
Докторот кој на 9-ти април ја извел операцијата во една од клиниките во индиската престолнина Њу Делхи изјавил дека секоја од плочките била тешка по 33 грама.
Пациентот претходниот ден се јавил во болница со мачнина и тешки болки во стомакот. Рекол дека случајно проголтал тапа од пластично шише, додал хирургот Ц.С. Рамачандран.
Прегледот не можел да го потврди неговото тврдење, но рентгенската снимката покажала некаква блокада, па лекарите се одлучиле за хируршка интервенција. На самата операција тие се изненадиле кога од желудникот на пациентот извадиле предмети од жолт метал.
Златните плочки се предадени на царината а пациентот по операцијата се чувствувал добро и бил отпуштен од болницата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа