Торнадо во близина на Москва - повредени 20 луѓе
Вчера во градот Јефремов 300 километри јужно од Мослва, помина помало торнадо од кое повредени беа 20 лица, меѓу кои и три деца.
Од материјалната штета, погодени беа 179 куќи, а од силината на торнадото ветрот кршел стакла, корнел кровови, уривал дрва и сообраќајни знаци.
Повеќето од настраданите се повредени од скршените стакла и се здобиле со исеченици.
Покрај куќите оштетени биле и пет училишта, две градинки, девет административни згради и 18 продавници.
На расчистувањето на теренот работат повеќе од 700 лица, а нема планови за евакуација на населението.