ФОТО: Ова е ученикот кој го усмртија во училишен двор на Велигден

Србија е завиена во црно по хоророт кој се случи за Велигден, кога ученик беше усмртен во училишен двор на местото Калѓерица. Се работи за 16-годишниот МАрко Ј. за кои сите со солзи во очите раскажуваат дека бил мирно и повлечено дете, добра ученик кој никогаш не направил никаков проблем.

Куршумот му бил испукан од зад грб, и за жал веднаш го усмртил. Новите детали покажуваат дека најверојатно момчето било убиено по грешка. Едно од трите лица кои се приведени, рекло дека донело пиштол во училиште бидејќи некој му се заканувал. Неговиот брат во полиција кажал дека му бил свртен со грб на братот додека умирал. Кога слушнал како тој крикнал, веднаш се свртел. Несреќното момче успеало само да го довикне името на братот и за жал ги затворило очите.

Семејството на Марко е скршено од болка. Таткото вели дека од синот дознал дека неговото друго дете повеќе го нема. Вели дека бил мирно момче и со никој никогаш не кажал лош збор.

23.04.2014 - 13:12
Фото: 
kurir.rs

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега