Го фатиле на граничниот премин Делчево - нема да верувате каде ги сокрил цигарите

Граничната полиција и цариниците од испоставата Делчево, во возило пронашле 295 кутии цигари.

На излез од Македонија на Граничниот премин „Делчево“ при вршење детална контрола на возило „рено лагуна” со делчевски регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот А.Ц. од Делчево во специјално изработен бункер, под задното седиште од возилото, биле пронајдени 295 кутии цигари со македонски бандероли. Од нив 99 кутии се марка „Јорк”, 79 „ЛД”, 67 „Родео” и 50 „Дива слимс”.

Возилото и пронајдените цигари во него се одземени и преземени од страна  на Царинската испостава Делчево за понатамошна постапка.

ВИДЕО: МВР

23.04.2014 - 12:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега