Фејсбук им стана напорен на младите
Популарноста на познатата социјална мрежа Фејсбук станува се помалку популарна меѓу младите според најновите податоци кои се добиени од студиите за истражување „Пју“. Младите според студијата се повеќе Фејсбукот го чувствуваат како „општествен товар“, наместо забава. Тие не се откажуваат целосно од социјалните мрежи туку само од Фејсбук. Тој е преполн со родите, непотребни социјални драми, здодевни пријатели кои делат апсолутно се.
Според студијата, 58 отсто од корисниците на Фејсбук блокирале одредени луѓе и „бришеле“ пријатели, 39 проценти лажеле за своите години, а 17 отсто од тинејџерите добиле разни непримерни пораки од непознати.
Сепак, и покрај ваквите анализи, компанијата Фејсбук не пројавува загриженост. - Младите се најактивнитр корисници на Фејсбук и многу сме задоволни, соопшти компанијата.