„ Почивај во мир бебе мое, сега можеш да се одмориш“ - оваа вест го зави светот во црно
Тинејџерката Челзи Ли Џејмс од Австралија на која и се оствари полседната желба да ја запознае Бијонсе, почина вчера по десетгодишна борба со леукемија, таа почина на 15- годишна возраст.
Во 2009 година Бијонсе ја зема од публиката до неа на сцената, Челзи не можеше да го сокрие шокот и солзите радосници. Пејачката на оваа храбра девојка и ја посвети песната „Halo“ пеејќи и клекната на колена пред 20.000 луѓе.
Минатиот ноември Челзи и Бијонсе повторно се сретнаа на нејзината турнеја, а Бијонсе и ја отпеа песната од групата „Destiny’s child“ со наслов „Survivor“. Подоцна Бијонсе испрати порака до нејзиното семејство со следната содржина „Премногу се израдував кога те видов. Се гледаме повторно следниот пат кога ќе дојдам во Австралија. Те сака Бијонсе“.
Вујната на 15- годишното девојче за Дејли Телеграф изјави изјави дека последна желба на Челзи била да помине две ноќи со својата мајка. Нејзината Мајка по смртта на Челзи објави емотивен статус на својот Фејсбук профил: „Почивај во мир бебе мое. Сега можеш да се одмориш. Мама секогаш ќе те сака“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа