Ахмети: Не правам притисок - навистина е време за во НАТО

 Не вршам притисок врз Груевски, туку навистина е време да влеземе во НАТО. Со ваков став, лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска по средбата со високиот претставник на Европскатга Унија за надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон потенцираше дека треба да се искористи моментот и Македонија да стане дел од НАТО.

„Не е притисок врз Груевски тоа што сметам дека навистина е време за НАТО. Но, сега навистина е дојдено времето да ги зближиме ставовите. Постои голем инетрес кај нашите пријатели од меѓународната заедница да се реши споро за името. Многу е важно да се релаксираат односите со соседите и земјите од Блаканот. Интеграцијата во НАТО ги отвора вратите на ЕУ. ДУИ има право да понуди своја опција да понудисвоја платформа за тековните случувања. Нашите ставови се различни со ставовите на другите политчки партии, но ДУИ е голема партија во Владата, претставник на голема етничка заедница“ - рече Ахмети

 

 

ФОТО: Вест

најчитано сега