Пожарникарите морале да ја кршат вратата - пронашле мртва девојка
Во стан во северниот дел на Косовска Митровица пожарникари биле принудени да ја скршат вратата, а внатре наишле на страотна глетка. СПоред податоците од српските медиуми, во станот лежело безживотно тело на 25-годишна девојка чиј идентитет е непознат.
По дојавата која ја примиле во полициска станица, полицајците и пожарникарите отишле на местото на настанот, биле принудени да ја скршат вратата, а внатре затекнале мртва девојка и повредено момче.
Се претпоставува дека девојката е убиена со нож, а засега не се познати мотивите.
Момчето е пренесено во Здравствениот центар во Косовска Митровица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа