УЈП стави катанец на вратите на диви обложувалници

Управата за јавни приходи доцна синоќа затвори диви обложувалници во селата Ростуше и Велебрдо. Се работи за објекти кои работеле нелиценцирано, од каде даночните инспектори ја запленија целокупната техничка опрема и затекнатиот промет во готово стекнат од нелегалното приредување на игри на среќа.

Покрај заплена на опремата и запечатување на објектите, за лицата-приредувачи изречена е глоба од 2.000 евра, а ќе следат и кривични пријави, стои во соопштението на УЈП.

Секој случај на нелегално приредување на игри на среќа, нерегистрирано вршење на денјост и други неправилности, граѓаните можат да го пријават во УЈП на бесплатната телефонска линија 198. 

23.04.2014 - 09:41
Фото: 
пулс24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега